| четврток, 6 декември 2018 |

Македонското сонце го стопли Њу Џерси, ја огреа и Калифорнија (ФОТО)

Неколку стотици Македонци од Калифорнија и исто толку од Њу Џерси ѝ дадоа поддршка на граѓанската иницијатива за заедничка Македонија, која речиси 30 дена организира мирни протести во целата земја за да испрати порака дека народтот на Македонија не прифаќа платформа создадена во друга држава, со услови кои директно задираат во суверенитетот на државата.

Неочекувано, граѓанската иницијатива, која започна скромно, за само неколку дена доби голем број поддржувачи, чијшто број кулминира во вторникот, на 21 март, при посетата на евркомесарот Хан.

Иницијативата добива и несебична поддршка во целиот свет. Македонците од Европа, Америка, Австралија со истакнување знамиња и огранизирање мирни собири се придружуваат кон своите сонародници и навиваат за заедничка Македонија, мултинационална татковина на сите народи кои живеат во неа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top