| четврток, 6 декември 2018 |

Тито ја сакаше повеќе од Јованка: Му го скрши срцето на Броз

 

По пет ипол години минати као веони заробеници на пропаднатата австроунгарска војска во Русија и Сибир, Јоип Броз Тито во ноември 1920 се враќа во новото Кралство СХС. Со него стигнува и неговата млада жена, Русинката Пелагија Белоусова.

Броз се вработува во браварска работилница на Филип Баум во Загреб, каде се зачленува во комунистичката партија на Југославија. Следната година се вработува во мелницата на Самуел Полак во Велико Тројство, крај Бјеловар. Со сопругата живееле следните четири ипол години. За брачниот живот на Броз малку се знае, но се чини дека живееле во слога; Јосип жена си ја викал Пољка.

Tito,_pelagija_i_zarko

Се омажила за него во 1918 година на само 14 или 15 години. Познато е дека во 1922 година го добиваат синот Хинко, кој починува по само осум дена, од дизентерија, а во 1923 година од дифтерија ја губат и 18- месечка ќерка Златица, миленичката на Јосип. Февруари 1924 година се раѓа синот Жарко, кој им носи утеха во семејството.

Таа година Броз е избран во новоформираниот Окружен комитет на КПЈ за жупанијата, што му раѓа амбиција за организатор и предводник. Тоа е и времето кохга почнува да се менува, од мирен семеен човек кон политички активист кому семејството му е на второ место, пишуваат хронолозите.

tito

Броз брзо станува активен, да одржува врски на сите страни, особено со покраинското комунистичко раководство во Загреб. На погреб на колега во Бјеловар држи говор заради кој завршува осум дена во затвор. Кога во 1928 година е осуден на пет години затвор, Пелагија со синот Жарко се враќа во Русија.

Таму таа работела за Коминтерната. околу 1929 година пристапува на илегална троцкистичка група, кои илегално дистрибуирале текстови на Троцки. Наскоро по излегувањето од затвор, во 1934 година и Тито набрзо доаѓа во Москва.

Во јануари 1935 година Централниот комитет на КПЈ одлучува да го упати на работа во коминтерната, односно во Балканскиот земски секретаријат, како референт за работа по прашања на КПЈ. Тито очекувал дека тоа ќе биде шанса да ги обнови односите со сопругата.

josip-broz-tito

Три месеци чекал на одговорот кој што не го добил. Најголемо разочарување за него било сознанието дека Пелагија не била грижлива мајка.

Изгледот и недоличното однесување на Жарко, кој бил сместен во дом за деца на странските државни службеници, биле причини за големи грижи. Жарко имал бурна младост и живеел на раб на законот. Како војник на Црвената армија во војната против Германија ја загубил раката.

Тито го вратил кон крајот на 1945 година. Синот , кој продолжил со бурниот и разуздан живот во Белград, се женел три пати.

belousova

Пелагија Белорусова се развела од Тито 1936 година, па се омажила за рускиот фотограф на Коминтерната, со кого родила две деца. 1938 година била уапсена при големата чистка заради врските со левото крило на КПЈ и обвинета дека го саботирала воведувањето на социјализмот во СССР. Тито нејзиното апсење за малку ќе го чинело живот.

Од логорот била ослободена во 1944 година а повторно е уапсена во 1948 година заради титовиот судир со Сталин. По сталиновата смрт е ослободена од затворот, 1957 година, но и било забрането да живее во Москва.

Починала 1967 година, а пред смртта, ја посетил синот Жарко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top