Италијанскиот парламент го разгледува предлог-законот според кој компаниите би морале да им одобрат три дена платен одмор на своите вработени жени, за време на нивниот менструален циклус. Ако собранието го усвои овој закон, Италија ќе стане првата западна земја која би имала активна политика за „менструалниот одмор“ на вработените жени.
Како што пренесува „Индепендент“, некои италијански медиуми го поздравиле овој закон, наведувајќи дека е чекор напред кон помагањето на вработените жени, кои патат од грчеви за време на менструацијата. Италијанското издание на магазинот „Мери Клер“, го опиша законот како „стандард на напредок и социјалната издржливост“.
Овој предлог наиде и на критики, посебно од вработените жени за кои е наменет. Некои од нив стравуваат дека законот ќе има контраефект и дека всушност ќе делува против жените, на кои и тоа како им е тешко да се изборат за работа во Италија.
Соиред магазинот „Дона модерна“, овој закон би ги поттикнал работодавачите да вработуваат мажи, наместо жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи