Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски минатата година промовираше низа на проекти меѓу кои и 40 проекти за млади. И покрај политичката криза дел од овие проекти кои им го олеснуваат животот на младите веќе се реализирани, а дел се реализираат според предвидената динамика.
Перални за перење и сушење на алишта во студентските домови, бесплатен автобуски превоз за студенти, бесплатен влез во кина и театри за средношколци, курсеви и бесплатни обуки за компјутери, англиски, француски и германски јазик, изградба на ново матично и нова голема читална се само дел од реализираните проекти кои се наменети за младите.
Вчера се направи увид во два такви проекти. Пералните за перење и сушење низ студентските домови како и новиот студентски мебел.
Крупна инвестиција која се реализира е набавката на мебелот за сите државни студентски домови. Овде активноста е веќе завршена, а во тек е и замена на стариот мебел во „Гоце Делчев“ и во сите останати домови во Скопје, по што ќе бидат опфатени и домовите во другите градови. Станува збор за инвестиција од 1,5 милиони евра и таа ќе биде заокружена во следните два месеци.
Втората инвестиција вредна 200 илјади евра, е набавката на 50 професионални машини за перење и 50 професионални машини за сушење алишта со капацитет до 10 килограми. Досега, во унапредување на сместувачките капацитети се инвестирани некаде околу 6 милиони евра.
Во 40 проекти за млади е и изградбата на дваесетина фитнес центри во државата. Веќе се изградени 9, а во фаза на градба се 3. Останатите фитнес центри се очекува да бидат завршени во периодот што следи.
Исто така се чека одобрение за градба на новиот пливачки базен во Шуто Оризари по што ќе следи тендер за градба. Одобрение за градба се чека и за градбата на новата затворена гимнастичка сала како и затворената тениска арена во склоп на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Во рамките на овие проекти ќе се гради и нов пливачки базен. Во мај почнува и проектот студент фест за студентите, најпрво во Скопје, а потоа ќе се прошири и низ останатите градови.
Веќе активно се реализираат подвижни бини и концерти низ 6-те плоштади во Македонија, а се оствари и проектот за бесплатен автобуски превоз на студентите, како и бесплатна средношколска среда за бесплатен влез во театри кина и други културни установи.
Започна да се спроведува и проектот за бесплатно патување за најдобрите студенти во некој град низ Европа. Веќе се спроведоа првите курсеви и бесплатни обуки за познавање на компјутерски вештини, англиски, француски и германски јазик. Во рамките на 40- те проекти за млади се реализира и проектот за бесплатен железнички превоз за млади до 27 години секој 1 и 3 викенд во годината. Активно се гради на ново матично во Скопје како и нова голема читална.
Започнува да се гради нов амфитеатар во Скопје на местото на некогашниот амфитеатар Скупи со капацитет од 9 илјади седишта. Во периодот што следи ќе се обезбеди и бесплатна ласерска корекција на диоптрија и бесплатни леќи за студентите и средношколците кои имаат проблем со својот вид.
Загарантирано вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии секоја година, комплетно реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, стипендии за средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада и за нивните професори, нови пет скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово и други проекти вкупно 40 на број се очекува согласно утврдена динамика да бидат реализирани и покрај актуелната политичка криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потресни сведочења од студентскиот дом „Стив Наумов“: Синоќа непознати лица се обиделе да влезат во собите
-
Објавен е повик за идејно решение на новиот студентски дом „Тодор Александров“
-
Пристигнаа машините за перење и сушење во студентските домови (ФОТО)
-
Опожарени неколку соби од Студентскиот дом „Цвијетно“’ во Загреб