| четврток, 6 декември 2018 |

Во Париз манифестација за „Суверена и мултукултурна Македонија“

париз

Македонската дијаспора од Франција денеска организира мирна манифестација во Париз за „Суверена и мултукултурна Македонија“, јавува дописникот на МИА.

Собирот е организиран од сите македонски здруженија на граѓани од Франција. Собирот започнува во 13:30 часот на мостот Алма, во 14 часот учесниците на манифестацијата заминуваат организирано преку авенијата Рап до Марсовите полиња.

Првата етапа е споменикот за правата на човекот, а втората етапа е Ѕидот на мирот на Марсовите полиња, под Ајфеловата кула. Манифестацијата својот марш го завршува пред УНЕСКО во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top