| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува операцијата Полска, Милевски ги собра репрезентативците

makedonija u21

Од денеска со првиот тренинг во комплетен состав, со сите оние фудбалери на кои ќе може да смета во јуни, селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски ги почнува подготовките за Европското првенство во Полска.

По настапот за сениорската репрезентација во Лихтештајн, на тимот на Милевски се приклучуваат и шестте фудбалери кои беа на располагање на Игор Ангеловски, голманот Игор Алексовски, дефанзивецот Дарко Велковски, како и Бобан Николов, Давид Бабунски, Никола Ѓорѓев и Марјан Радески.

Како што е познато од претходно, за тест дуелот со Бугарија кој е на 28. март од 14 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, се уште повикани и Дамјан Шишковски, Ѓоко Зајков, Висар Муслиу, Мевљан Мурати, Бесир Демири, Даниел Аврамовски, Филип Пивковски, Виктор Ангелов и Кире Маркоски.

По пријателски натпревар со Црна Гора, на кој настапите фудбалери од генерација 1996/97 која ќе се натпреварува во квалификациите за ЕП во Италија, Милевски се одлучи за новиот пријателски дуел со Бугарите да задржи и уште шест фудбалери. Па, Елиф Елмас, Петар Петковски, Алекса Амановиќ, Тихомир Костадинов, Јован Попзлатанов и Никола Кулески ќе бидат дополнети заедно со нешто повозрасните колеги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top