| четврток, 6 декември 2018 |

Во која земја дневницата е 480 евра?

Деца во норвешкиот град Балстрад секој ден работат чистејќи риба бакалар, за што заработуваат и до 480 евра.

Оние кои се брзи и на кои работата им оди добро, можат да заработат и дневница од неколку илјади круни.

За бакалар има голем интерес во земјата, а исто така и за извоз поради што многу деца млади можат да се вклучат во работата.

16 годишниот Тригве Петерсен ја раскажува својата приказна. Неговиот татко е рибар и го научил како брзо и лесно да ги чисти рибите. Затоа не е ни чудо како Петерсен брзо напредувал.

– Кога почнав со оваа работа, исчистив 2 килограми риби во текот на денот. Денес можам да исчистам и по 80 килограми на ден и да заработам 4.500 круни или 477 евра- вели ова момче.

Додава дека ова е одлична можност младите сами да заработат и да си дозволат мобилен телефон, лап топ, облека.

Петерсен раскажува дека заштедил доволно пари за да прошета од Њујорк до Хаваите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top