Кичевчани уште еднаш излегоа на улиците во градот за да дадат поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
На присутните им се обрати Даме Силјаноски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кој изрази благодарност за присуството.
– Голема благодарност до сите вас кои секојдневно сте присутни на протестните маршеви и неуморно стоите на браникот на татковината во одбраната на нејзината унитарност и самостојност. За нас е неприфатливо да се промовира и прифати платформа во која се бара воведување двојазичност на цела територија, отпочнување разговори за промена на знамето, химната и грбот, воведување двојазични банкноти и униформи на полицијата и армијата, рече Силјаноски.
Македонските државни симболи и обележја, нагласи тој, никогаш нема да дозволиме да бидат предмет на пазарење на било кој политичар само за да дојде на власт.
Протестниот марш продолжи низ улиците на Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.