| четврток, 6 декември 2018 |

Единствен датум кога жената може да го побара партнерот за маж

Вообичаено е мажот да ја запроси жената. Но, еден ден во годината е резервиран исклучиво за жените кои сакаат да го запросат мажот.

Пред неколку години стручни лица спровеле опсежно истражување на еден либерален американски универзитет и резултатите биле изненадувачки. На испитаниците на машкиот пол не им се допаѓала идејата жена да им предложи брак Но, ниту една жена не дала потврден одговор на прашањето дали би го побарала за маж својот партнер.

Според традицијата на бројни европски земји, постои само еден ден во годината на кои на жените им е „дозволено“ тоа да го сторат – на 29 февруари, секоја престапна година. За овој датум се врзани неколку легенди. Наводно, во Шкотка, кралицата Маргарита донела закон според кој на жените им се овозможува секои четири години да ги побараат за маж своите партнери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top