Овој вторник ги стаписа, ги шокира и ги исплаши до коски сите што систематски, пропагандно преку политиките и интересите го обележуваа Балканот како простор во кој живеат диви луѓе со малку памет и ич самопочит и интегритет. Овој изминат вторник тие ја видоа разликата помеѓу нивната креирана перцепција и реалноста. Два универзума. Токму тука во Македонија четврт милион Македонци излезени на протест изведоа инстантен европски попис за тоа кој е цивилизиран, а кој дивјак. Kој е Македонец, а кој вандал, кој е Европеец со влакна во носот, а кој депилиран бројлер без географско потекло. За култура, за манири, за домашно воспитување, етика, одговорност и самоконтрола говориме. Напросто, Македонија ги има во изобилие, а бриселската збирштина ги нема. Можеме да извезуваме или да им предаваме човештина. Ако им ја тргнете лакировката на „западњациве“, со голо око ќе видите напалени неандерталци кои првпат влетале во простор со цивилизиран свет. Е, токму тоа за највпечатливо сигурно беше регистрирано во извештаите на амбасадите, на тајните служби. Знам од искуство. Се виде таа вечер дека црвено-жолтата Македонија им го уништи сиот труд на соросоидно-усаидно-отиевскиот револуционерно-востаничко-терористички комплот. Џабе пари и тренинзи за одгледување „божем луѓе“, кои самите креатори ги нарекоа „шипл“, односно човеколики овци што ги регрутираа и мобилизираа во шарената куротресина. Kога не би биле шипл, а барем малку пипл, Стево Пендаровски, Љубомир Фрчковски, Бранко Геровски, Тричковски, Најчевска и останатите од редот на „интелектуалната, експертската самопрогласена елита“, ќе си го тргнеа ножот по овој вторник. Ако виенскиот бал им е репер за докажување европска цивилизираност, македонската народна маса што маршираше во вторникот беше дешавка која десеткратно ги надмина сите досегашни европски балски стандарди од 19 век. ,,Нобилити бај нејчр“ да ти се Македонциве. Не истураат тони мочка и лепешки во и врз сопствената држава. Плус во организација на аматери, без пари и во спонтана режија, а од патриотски соображенија. Ја видовте и вие разликата, нели? Се виде и од сателит. Е, па, сега знаете убаво зошто на тренираните, дресираните, платените дивјаци, на варварите, на вандалите, учките, пленумците „студенти“ и нивните „професори“ со обезвреднети титули аргументите им се насилнички и агресивни, а на спонтаните самоорганизирани нормални македонски демонстранти спокојството и достоинството им се алатки за покажување непоколеблива одлучност и решеност.
Мирка Велиновска „Мотивација и мобилизација“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.