| четврток, 6 декември 2018 |

Македонецот Леон прогласен за најдобар фудбалер во Германија

Капитенот на тимот Нипес 12, на течен македонски јазик вели дека негови идоли се Томас Милер, Лионел Меси и Лукас Подоски и дека сонува, кога сериозно ќе заигра, да им биде наследник

Во германскиот град Келн, веќе две и пол децении живее семејството Лекоски, кое до скоро не се разликуваше од другите гастајбартерски семејства, но талентот на најмладиот член Леон веќе ги издвои во посебно интересни.

Станува збор за десетгодишно момче, родено во Германија, кое веќе го нарекуваат виртуоз со фудбалската топка, а мината година беше прогласен за најдобар фудбалер до 12 година во покраината Западна Рајна Вестфалија.

Леон Лекоски од лани е и капитен на ФК Нипес 12, а игра на позицијата центарфор. Во сезоната 2015/16 речиси да немаше натпревар во регионалната пионерска лига и на неколкуте сојузни турнири, а тој да не постигнуваше најмалку по еден погодок. Сега неговата соба во семејната куќа во Келн ја краси “Златната топка” за фудбалери до 12 години.

Капитенот на Нипес 12, на течен македонски јазик вели дека негови идоли се Томас Милер, Лионел Меси и Лукас Подоски и дека сонува, кога сериозно ќе заигра, да им биде наследник.

-Решен сум сериозно да тренирам и да ги почитувам инструкциите на тренерите. Дури и на лето, кога доаѓаме во Охрид на спортскиот центар Билјанини извори тренирам по два пати дневно, а само во недела одмарам од фудбалот, изјави Леон.

 

Целиот текст прочитајте го на Вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top