| четврток, 6 декември 2018 |

Фатална Тија: Му пееше на Путин, ѝ беше снаа на Цеца, а поради неа настрада Пецони (ФОТО)

Пејачката Тијана Радивојевиќ го чува приватниот живот како змија нозете. Таа со уште две девојки била со познатиот бизнисмен и сопственик на Хепи телевизијата, Пецони, кога се случило пукањето во хотелот „Прага”.

Бизнисменот Жељко Рутовиќ кој седел на спротивната страна од масата, почнал да ги навредува девојките, а потоа се скарал за некултурното однесување со Пецони, извадил пиштол и почнал да пука. Испукал шест куршуми по што Пецони тешко ранет веднаш бил пренесен во болница на операција.

Особено внимание привлече пејачката Тијана, која од порано и е позната на јавноста. Таа беше во врска со братучедот на Цеца, и тврдеше дека пеела пред рускиот претседател Путин. Таа за него изјави дека е човек кој најмногу го сака и цени.

Секојдневно Тијана објавува разголеми и провокативни фотографии.

Со години е во врска која ја крие од јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top