Полицијата соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на непознатото лице што вчера попладне физички го нападна возачот на турскиот амбасадор во Македонија, додека со службеното возило бил паркиран пред македонското Министерство за култура.
Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, вчера во 16.15 часот во Скопје, пред Министерство за култура било паркирано возило „мерцедес“ со дипломатски таблички од Амбасадата на Турција. Во еден момент дошло непознато лице и се обидело да го извади знамето на Турција од возилото. Откако не успеало во намерата, физички го нападнал О.С. (57) од Скопје, возач на турскиот амбасадор во државава.
Напаѓачот го удрил возачот со тупаница во пределот на главата, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот, соопшти МВР во редовниот билтен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст