| четврток, 6 декември 2018 |

„За заедничка Македонија“: Благодарение на граѓаните денес во Македонија нема тиранска влада

analiza238-za-zaednicka-makedonija-23-2

Заговорниците на тиранската платформа рекоа дека до 24 март ќе има влада која ќе функционира според овој срамен документ. Денес е 24 март и благодарение на над 200 илјади граѓаните кои излегоа на улиците за „За заедничка Македонија“, во повеќе од 40 локации, денес во Македонија нема да се формира тиранска влада.

Ова денеска го изјавија дел од организаторите „За заедничка Македонија“ кои воедно ги повикаа граѓаните масовно како и досега, така и вечерва да се приклучат на протестот.

Според Богдан Илиевски и Борис Дамовски, ова е нова значајна победа на иницијативата, односно за граѓаните кои излегоа да покажат дека се подготвени и крајно одлучни да се борат за зачувување на земјата што ја сакаат.

Тие најавија дека продолжуваат и понатаму, денес е 26 ден од протестите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top