Во четвртиот дел „Политика на мобилизација“ на анализата „Македонија до Џорџ Сорос и УСАИД – Одете си!“ објавена во „Американски спектатор“ пишува за социјалистичката партија и нејзината добро обучена соросова армија.
Не изненадува фактот што мобилизацијата и протестите станаа главна алатка на опозицијата пролетта 2015 година, кога Зоран Заев, лидерот на СДСМ, објави во јавноста телефонски разговори што наводно ја откриваат корупција на ВМРО – владејачката партија ги негираше обинувањата и рече дека снимките се сомнителни. Добро обучените активисти излегоа на улиците.
Протестите беа преполни со фотогенични моменти, смислени за да станат вирални, како што беше примерот со девојката што става кармин користејќи го полицискиот штит како огледало. Опозицијата тврдеше дека има 100.000 демонстранти додека државните извори известуваа дека не се повеќе од 10.000.
Во меѓувреме, во екот на скандалот со прислушувањето се појавиа докази дека радикалните елементи на албанското малцинство се постојана закана: екстремисти од соседно Косово се судрија со македонските безбедносни сили во северен град на земјата, каде настрадаа осум полицајци и 14 цивили- првите смртни случаи како резултат на етничко насилство во Македонија во 14 години.
Во март минатата година, македонската влада смело ја затвори својата граница за да се спречи бранот од економски мигранти и бегалци што доаѓаа од Грција кон Западна Европа, овозможувајќи влез само за ограничен број. Отворени граници е еден од најпознатите приоритети на Џорџ Сорос. Како да одговори неговиот тим? Активизам! Со примеси на насилство и вандализам.
Наводно протестирајќи против помилувањата на претседателот Ѓорге Иванов од ВМРО за 56 политичари, кои за кратко време ги повлече, социјалистичката партија и нејзината добро обучена соросова армија употребуваа пиштоли со боја, чатали со балони исполнети со боја и јајца за да ги оцрнат, иако со шарени бои, јавните згради и споменици.
Демонстрантите, исто така, насилно влегоа во канцеларијата на претседателот, го вандализираа просторот и палеа канцелариски мебел. Тројца полицајци беа повредени.
Филип Стојановски, програмскиот директор и главниот човек на Метаморфозис, се’ уште ја чува профилната слика на Твитер (@razvigor) обоена со боите на „Шарената револуција“.
-Ги слушав активистите на Сорос и на СДСМ како извикуваат „Нема правда, нема мир“, што дури не е ни значаен слоган во Скопје, се сеќава Цветин Чилиманов. -Трансферот на тактики од левичарските групи на САД финансирани од Сорос во Македонија е впечатлив.
Истовремено, Владата мораше да ја брани својата јужна граница со Грција, пренасочувајќи ги безбедносните сили на 160 километри подалеку од Скопје и да го брани имотот од политички агитатори.
Пратеникот во посета на Вашингтон се сеќава: „Тоа беше кошмар. Армијата на Сорос фрлаше камења на полицијата што го чуваше штабот на ВМРО. Во меѓувреме, тие делеа ножици на границата за да им помогнат на луѓето да ги сечат оградите. Хаос “.
Уредникот на Информативна агенција Чилиманов смета дека хаосот од минатото лето ги покажува најдлабоките цели на Џорџ Сорос: „Со контролирање на Македонија, тој може да го отвори или да го затвори протокот на мигранти. Екстременолевичарската грчка влада не го запре протокот на мигранти. [Сорос е близок со грчкиот премиер, Алексис Ципрас.] Нашата влада беше таа што го запре протокот, па неговата голема цел е да се контролира оваа ситуација.
Првиот дел од анализата тука
Вториот дел од анализата тука
Третиот дел од анализата тука
Петтиот дел од анализата тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.