| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто се распаѓа либералниот естаблишмент?

Не го гле­дав до­де­лу­ва­ње­то на „Оска­ри­те“, но, де­фи­ни­тив­но, ужи­вав во нив – пре­ку „Тви­тер“. На­со­бра­ни­те свет­ски поз­на­ти и су­пер­бо­га­ти ли­бе­ра­ли и ле­ви­ча­ри имаа ед­на за­да­ча, но не ус­пе­е­ја да ја ис­пол­нат. Ду­ри и спе­кта­ку­лар­на­та гре­шка при об­ја­ву­ва­ње­то по­гре­шен по­бед­ник за нај­до­бар филм не бе­ше проб­ле­мот, ни­ту, пак, тоа де­ка ед­на лич­ност на­пра­ви­ла гре­шка. Гре­шки се пра­ват це­ло вре­ме.

Во ре­ал­но­ста, таа ви­ње­та на без­ум­ни­те е со­вр­ше­на илу­стра­ци­ја за тоа зо­што ли­бе­рал­ни­от естаб­лиш­мент се рас­па­ѓа: об­зе­ме­ни од омра­за кон не­што што е спро­тив­но на нив­ни­от сопс­твен се­бе­по­чи­ту­ван све­тог­лед, осу­ду­вај­ќи ги на веч­но одв­ле­ку­ва­ње на вни­ма­ни­е­то. Ре­зул­та­тот е не­из­беж­но па­ѓа­ње и го­ре­ње.

Со дру­ги збо­ро­ви, де­мо­кра­ти­те и ли­бе­ра­ли­те во­зат во пи­ја­на со­стој­ба до­де­ка пи­шу­ва­ат СМС ве­ќе осум го­ди­ни. Скрш­ну­вај­ќи во по­греш­на лен­та, тие се су­ди­ра­ат со дру­ги авто­мо­би­ли во со­о­бра­ќа­јот и се­дат збу­не­ти пра­шу­вај­ќи се што се слу­чи­ло. Не­кол­ку­те­ми­на пре­жи­ве­а­ни се изв­ле­ку­ва­ат од авто­мо­би­ли­те и вре­ска­ат на не­ви­ни­те лу­ѓе што ги по­вре­ди­ле. Впро­чем, тоа ни­ко­гаш не е нив­на ви­на, ту­ку на се­кој што ќе се ос­ме­ли да им из­ле­зе на па­тот.

До­ма­ќи­нот на до­де­лу­ва­ње­то на „Оска­ри­те“, Џи­ми Ки­мел, го пред­во­де­ше па­тот и, ка­ко што за­бе­ле­жи „Ен­тер­теј­мент вик­ли“, „пр­ви­от кур­шум кон До­налд Трамп бе­ше истре­лан са­мо не­кол­ку ми­ну­ти по поч­ну­ва­ње­то на це­ре­мо­ни­ја­та, а по­тоа кур­шу­ми­те са­мо про­дол­жи­ја да до­а­ѓа­ат. Низ иск­лу­чи­те­лен број ше­ги, алу­зии и искре­ни ар­ти­ку­ла­ции инс­пи­ри­ра­на од ед­но ли­це за вре­ме на до­де­лу­ва­ње­то на на­гра­ди­те, Хо­ли­вуд ги на­пад­на Трамп и не­го­ва­та по­ли­ти­ка… ”

Мо­же­би цел­та бе­ше пре­тсе­да­те­лот Трамп, но беа ис­ме­а­ни и лу­ѓе­то што гла­са­ле за не­го.

Јас очиг­лед­но бев еден од ми­ли­о­ни­те што не го сле­деа пре­но­сот, а про­гра­ма­та „Еј-Би-Си“ има­ше нај­ма­ла гле­да­ност во де­вет го­ди­ни. „Лос Ан­џе­лес тајмс“ по­тро­ши ил­јад­ни­ци збо­ро­ви оби­ду­вај­ќи се да об­јас­ни зо­што реј­тин­гот на шо­у­то до­жи­веа пад тре­та го­ди­на по ред. Се еми­ту­ва­ше доц­на, об­јас­ни­ја тие, учес­тву­ваа ни­ско­бу­џет­ни фил­мо­ви, а, мо­же­би, и са­ма­та остра кри­ти­ка кон пре­тсе­да­те­лот Трамп од стра­на на учес­ни­ци­те на „Оска­ри­те“, исто та­ка, од­вра­ти­ла не­кои гле­да­чи.

Мис­ли­те? Но, не се ра­бо­ти за кри­ти­ка кон не­кој пре­тсе­да­тел, ту­ку за по­сто­ја­но­то кри­ти­ку­ва­ње на Хо­ли­вуд на по­го­ле­ма ма­са лу­ѓе.

Тран­сфор­ма­ци­ја­та од акте­ри во на­сил­ни­ци што ги осу­ду­ва­ат оние што не се сог­ла­су­ва­ат со нив е не­што што Џорџ Ор­вел би го раз­брал и тие се во ист сло­бо­ден пад ка­ко нив­на­та са­ка­на Де­мо­крат­ска пар­ти­ја. „Ва­ни­ти фер“ ми­на­та­та го­ди­на об­ја­ви де­ка Де­рек Томп­сон ука­жал оти во 2016 го­ди­на филм­ска­та ин­ду­стри­ја би­ла на до­бар пат се­ко­ја го­ди­на да про­да­ва сѐ по­мал­ку би­ле­ти по ли­це во САД мо­же­би уште од пред 20-ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век и нај­мал­ку вкуп­но би­ле­ти во две де­це­нии.

За сре­ќа, единс­тве­ни­те лу­ѓе што беа по­вре­де­ни од ли­це­ме­ри­е­то на ли­бе­рал­ни­те на оска­ров­ска­та ноќ беа са­ми­те ли­бе­ра­ли. Мно­гу по­ло­шо се слу­чу­ва ко­га тие, всуш­ност, спро­ве­ду­ва­ат моќ.

Оба­ма­кер, исто та­ка, бе­ше спом­нат на оска­ров­ска­та ноќ: кон­цепт ба­зи­ран на фан­та­зи­ја. Ка­ко што, всуш­ност, по­со­чи ед­наш Џо­на­тан Гру­бер, еден од не­го­ви­те ар­хи­те­кти, Оба­ма­кер се пот­пи­ра на глу­по­ста на аме­ри­кан­ски­те гла­са­чи и на ла­ги, уни­шту­ва чо­веч­ки жи­во­ти и ре­чи­си ја уни­шти аме­ри­кан­ска­та ин­фра­стру­кту­ра за здрав­стве­на за­шти­та.

По­де­мот и ши­ре­ње­то на те­ро­ри­стич­ка­та гру­па Ис­лам­ска др­жа­ва во 2014 го­ди­на и пос­ле­до­ва­тел­ни­от ге­но­цид на хри­сти­ја­ни­те на Бли­ски­от Исток, кој бе­ше приз­нат од ОН, беа овоз­мо­же­ни од стра­на на пре­тсе­да­те­лот, кој јав­но ја спо­ре­ди кр­во­жед­на­та те­ро­ри­стич­ка гру­па со ју­ни­ор­ска ре­пре­зен­та­ци­ја сиг­на­ли­зи­рај­ќи де­ка не­ма да се пре­зе­мат мер­ки про­тив нив.

„Не­ше­нел рив­ју“ нè по­тсе­ту­ва: „За не­кол­ку ме­се­ци ИСИС вос­по­ста­ви де фа­кто гла­вен град во Ра­ка, Си­ри­ја; за­зе­де го­ле­ми де­ло­ви на зем­ја­та и дој­де во се­ве­рен Ирак; го за­зе­де Мо­сул, вто­ри­от град по го­ле­ми­на во Ирак, пред да про­дол­жи кон Баг­дад; се оби­де да из­вр­ши ге­но­цид врз мал­цинс­тво­то Ја­зи­ди во се­ве­рен Ирак; и ги вов­ле­че САД во воз­душ­на кам­па­ња во сеп­тем­ври 2014 го­ди­на“.

Ка­ко што об­ја­ви „Сан“, ле­то­то 2016 го­ди­на про­те­коа раз­уз­на­вач­ки ин­фор­ма­ции од Бе­ла­та ку­ќа, кои откри­ја де­ка ИСИС има „це­лос­но опе­ра­тив­ни раз­гра­но­ци во 18 зем­ји“.

Пре­тсе­да­те­лот бе­ше прем­но­гу за­фа­тен со не­го­во­то „нас­ледс­тво“ и обра­бо­тка на аме­ри­кан­ско­то оп­штес­тво за да се спра­ви со рас­теч­ки­от рак на те­ро­ри­зам.

Исто та­ка, во 2012 го­ди­на Оба­ма да­де дра­ма­тич­на из­ја­ва за „цр­ве­на­та ли­ни­ја“ за хе­ми­ско­то оруж­је во Си­ри­ја што се ко­ри­сти врз си­ри­ски­те гра­ѓа­ни.

– Бев­ме мно­гу јас­ни со ре­жи­мот на Асад, но и со дру­ги игра­чи на те­ре­нот, де­ка „цр­ве­на­та ли­ни­ја“ за нас е хе­ми­ско­то оруж­је што се дви­жи на­о­ко­лу или што се ко­ри­сти – ре­че Оба­ма.

По­доц­на иста­та го­ди­на, Ба­шар ал Асад уби 1.500 лу­ѓе во на­пад со хе­ми­ско оруж­је, но Оба­ма се пов­ле­че. Зо­што? „Биз­нис ин­сај­дер“ доз­на: „На­вод­но, Оба­ма од­бил да се спро­ве­де цр­ве­на ли­ни­ја во Си­ри­ја отка­ко Иран се за­ка­ни де­ка ќе се пов­ле­че од нук­ле­ар­ни­от до­го­вор“.

Мно­гу збо­ро­ви, дра­ма и мо­рал­на гор­де­ли­вост, а по­тоа ко­лапс ко­га се во пра­ша­ње де­та­ли и по­све­те­ност.

Крај­ни­от при­мер за фо­ку­сот на де­мо­кра­ти­те на со­се­ма по­греш­на ра­бо­та што во­ди до ка­та­стро­фа е де­бак­лот на Хи­ла­ри Клин­тон во пре­тсе­да­тел­ска­та тр­ка.

Мо­же­би тие се пот­пи­ра­ле на глу­по­ста на аме­ри­кан­ски­те гла­са­чи, но тоа бе­ше по­греш­но. Во раз­лич­ни ре­кон­струк­ции на ми­зер­на­та кам­па­ња, не­ус­пе­хот се све­ду­ва на оп­сед­на­то­ста на Хи­ла­ри со се­бе­си и со неј­зи­ни­те ов­ла­сту­ва­ња. Се прет­по­ста­ву­ва­ше де­ка таа ќе по­бе­ди на из­бо­ри­те.

Со пре­го­ле­ма са­мо­у­ве­ре­ност и за­до­вол­ност од се­бе­си, таа ја зе­де здра­во за го­то­во ос­но­ва­та на неј­зи­на­та стра­те­ги­ја и бе­ше си­гур­на де­ка ќе би­де ина­у­гу­ри­ра­на. За вре­ме на це­ла­та кам­па­ња, неа ѝ бе­ше ка­жа­но де­ка има са­мо ед­но име на кар­тич­ка­та во пли­кот на по­бед­ни­кот и де­ка тоа би­ло неј­зи­но­то. Но, не бе­ше та­ка.

Ви зву­чи поз­на­то?

Из­вор: „Ва­шин­гтон тајмс“, ана­ли­за на Та­ми Брус
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top