| четврток, 6 декември 2018 |

„Дојче телеком“ и „Горилаз“ ќе отворат нова димензија во музиката

Преку својата меѓународна музичка програма, Електроник битс (Electronic Beats), „Дојче телеком“ ги здружува силите со „Горилаз“ (Gorillaz) за да отвори нова димензија во музиката низ Европа. Во план е да се искористат новите технологии за да се создаде сосема ново музичко искуство.

– Магијата на „Горилаз“ е во тоа што тие се истовремено и реални и виртуелни, факт кој иновативниот тим на Tелеком Електроник битс потполно го разбира – рече Ниам Брн од „Елевен менаџмент“ додавајќи дека бендот донел смела одлука да им помогнат да ја реализираат нивната визија.

„Дојче телеком“ преку напредната 4G мрежа ќе им овозможи на луѓето да бидат дел од оваа нова димензија на музиката на „Горилаз“.

По повод новиот албум на бендот, „Humanz“ што ќе излезе на 28 април, „Дојче телеком“ ќе почне кампања преку која ќе покаже како креативното користење на новите технологии може да го подобри музичкото искуство. Првата од овие иницијативи ќе биде иновативната Augumented Reality апликација преку која корисниците ќе имаат ексклузивен пристап до содржини за „Горилаз“.

– Работењето со „Дојче телеком“ ни овозможи да експериментираме, да истражуваме и да ги реализираме нашите соништа – изјави Џејми Хјулит, еден од основачите на бендот.

Ексклузивните содржини за „Горилаз“ ќе може да се погледнат на  www.electronicbeats.net.

Ќе следуваат повеќе известувања за настани, содржини и концерти.

 Телеком Електроник битс (Telekom Electronic Beats)

Телеком Електроник битс е еднa од најетаблираните програми за промоција на музички содржини и содржини за модерниот начин на живот. Во последните 17 години Телеком Електроник битс создаде цел универзум од музички искуства преку голем број различни канали, користејќи го ЕВ.net како главна платформа. Додека на почетокот програмата се концентрираше на промоција на музика, Телеком Електроник битс сега ја прифаќа силната поврзаност помеѓу музиката и останатите сегменти од животот, како што се дизајнот, технологијата, модата и уметноста. Телеком Електроник битс има работено со некои од најголемите имиња од модерната музичка сцена, како Грејс Џонс, „Депеш мод“, па сѐ до „Moдерат“, a поддржува и нови талентирани уметници како Ry X.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top