| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната плата во јануари 22.750 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесувала 22.750 денари и била за 2,2 отсто поголема во споредба со јануари лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: информации и комуникации (9,4 проценти), јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4,6 проценти) и рударство и вадење камен (4,2 проценти).

Намалување на просечната нето-плата е забележано во секторите: уметност, забава и рекреација (32,2 проценти), информации и комуникации (13,0 проценти) и градежништво (11,7 проценти).

Просечната бруто-плата, пак, во јануари изнесувала 33.441 денари или за 2,4 отсто повисока од истиот месец минатата година.

Во јануари 2017 година, 1,0 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top