| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку скопски општини понеделник без струја

Заради технички зафати во електро-мрежата без струја во понеделник ќе останат делови од општините Сарај, Кисела Вода и Шуто Оризари, информираат од РЦУК Скопје.

Во периодот од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Рашче кај долна џамија во општина Сарај, од 10:00 до 13:00 часот корисниците од ул. „Браќа Грим“ во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 15:00 часот дел од корисниците од ул.„Злетовска“, од ул.„Брсјачка буна“ и од ул.„Нов Живот“ во општина Шуто Оризари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top