Од газирани и засладени пијалоци годишно умираат повеќе од 180.000 луѓе, покажува истражувањето за влијанието на овие напитоци врз смртноста и здравствените компликации поврзани со дијабетес, кардиоваскуларни болести и рак меѓу тие што ги консумираат.
Како што се наведува, 133 илјади луѓе починале од дијабетес, кој бил последица од газирани напитоци.
Меѓу консументите на засладени безалкохолни пијалоци забележани се 45 илјади случаи на кардиоваскуларни болести и 6.450 починати од рак.
Авторот на студијата Дарјуш Мозафаријан од Универзитетот во Масачусетс тврди дека исфрлањето од употреба на засладените и газирани напитоци, како и ладните чаеви, треба да биде „планетарен приоритет“.
Податоците се добиени со следење на навиките на 611.971 лице во периодот од 1980 до 2010 година во 51 земја во светот.
Меѓу младото население поголем е бројот на тие што имаат некоја хронична болест, која е последица од конзумирање засладени газирани пијалаци.
Сокот од свежо цедено овошје не бил опфатен во истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст