Четиригодишно дете од Неготино искасано од куче денеска е примено во кавадаречката општа болница.
Како што информира началникот на одделението за хирургија при болницата, хирургот доктор Дано Кулев, станува збор за дете од Неготино, кое, според тоа што го изјавиле родителите, било искасано во дворот на соседите.
– Станува збор за четири рани. Две на задниот дел од главата и по една на левото рамо и внатрешниот дел на левата натколеница – изјави Кулев.
Врз раните е интервенирано, а детето добило соодветна терапија, по што е задржано на хируршкото одделение во болницата.
Според Кулев во последните два случаи едно од каснувањата, исто така, било од комшиско куче, а другото од куче скитник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст