| четврток, 6 декември 2018 |

Колку и да се расправате со партнерот овој збор не смеете да го изговорите!

Кавгите и недоразбирањата се дел од секоја врска и брак. Колку и да се сакате, во некој момент самите на себе си си одиме на нерви и во афект на кавгите можеме да кажеме нешто што навистина не го мислиме. Еден збор кој може сериозно да му наштети на бракот и да направи непоправлива штета, збор кој сите брачни парови мораат да го избегнуваат е зборот развод(раскин). Еве и неколку причини зошто не треба да го кажувате овој збор колку и да сте лути и нервозни:

  1. Манипулативен е – во некои ситуации кога ќе го кажете овој збор во екот на кавгата ќе го наведе партнерот да се замолчи. Се надевате дека овој незгоден збор ќе ја прекине кавгата и дека ќе биде по ваше. Но, тука се работи за чиста манипулација од ваша страна, во тој момент можеби ќе го добиете тоа што го посакувате, но проблемот и понатака ќе постои.
  2. Го буди чувството на стрес и анкциозност – кога на партнерот ќе му се заканите со развод тоа звучи како да му давате ултиматум, а рака на срце никој не сака ултиматум. Личноста на која и се поставува ултиматум има чувство како да нема избор. Може да заклучи дека е најдобро да се предаде во кавгата затоа што ризикува дека ќе ја изгуби вашата љубов, а можеби и ќе дојде и до крај на вашиот брак. Неискреноста и нестабилноста на бракот на крајот можат да предизвикаат чувство на стрес и анкциозност.
  3. Партнерот може навистина да почне да размислува за развод – без оглед на тоа колку сте во брак, зборот развод не би смеел да биде дел од вашиот вокабулар ако навистина немате намера тоа да го направите. Заканувањето со развод никогаш не е добар начин за решавање на брачните проблеми. Доколку го користете овој збор во секоја кавга брачниот партнер може навистина да почне да размислува за развод. Можеби не сте размислувале сериозно да се разведете, но тоа може да стане реалност.

 

извор:македонија денес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top