| четврток, 6 декември 2018 |

Арда Туран: Среќен сум во Барселона, сакам да го одбработам договорот до крај

arda turan

Турскиот интернационалец во редовите на Барселона, Арда Туран го искажа својот став во однос на тоа кој ќе биде следниот чекор во неговата кариерата, односно каде се гледа во следната кампања со оглед на големиот интерес за неговите услуги.

Туран се поврзуваше со преселба на Далечниот Исток во Кина, со добар дел од европските екипи, а меѓу последните кој застана на тој список е Арсенал.

Офанзивецот пак не е премногу возбуден зошто има јасен став во однос на тоа каде треба да биде, а тоа е Барселона се до завршување на договорот во 2020 година.

– Не е само Кина има и други шпекулации за мене. Меѓутоа јас сум среќен во Барселона и сакам да останам до крајот на договорот – изјави Арда за „Фанатик“.

Арда годинава настапи на 17 мечеви за Барса во Ла Лига од кои 13 беа во стартната постава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top