| четврток, 6 декември 2018 |

ИД презеде одговорност за нападот во Лондон

Исламската држава презеде одговорност за вчерашниот напад во Лондон. Тие наведуваат дека напаѓачот бил еден од нивните „војници“.

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека полицијата го знае идентитетот на напаѓачот, кој вчера со автомобил удри во пешаци и уби три лица пред Парламентот во Лондон.

Таа истакна дека напаѓачот е роден во Велика Британија.

– Тој работел сам и нема причина да веруваме дека биле планирани и други напади – нагласи Меј, без да го открие неговото име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top