Дури 54,5 отсто од македонските граѓани сметаат дека политичката ситуација во Македонија дополнително се влошува. Ова го покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) спроведена во периодот меѓу 10 и 13 март на 1100 полнолетни испитаници.
На прашањето „Доколку направиме споредба со пред една година, дали сметате дека во моментов состојбата во Р. Македонија полека се враќа во нормала или сметате дека таа дополнително се влошува?“, одговорите се следни:
Дури 65,5 отсто од граѓаните сметаат дека со одржување на изборите не се надминала политичката криза.
На прашањето кое е најдоброто решение за актуелната криза, 45,8 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е распишување на нови парламентарни избори заедно со локалните. 35, 5 отсто од испитаниците сметаат дека најдобро решение за актуелната криза е претседателот Ѓорге Иванов мандатот да му го даде на Зоран Заев.
Во однос на истото прашање по етнички заедници, резултатите се следниве:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Социјалните мрежи вријат- Граѓаните до Заев: Предавник, капитулатор, лажго
-
За Шилегов граѓаните кои протеситрале кај Дрисла биле „примитивци“, а советниците во град Скопје „нелуѓе“
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)