| четврток, 6 декември 2018 |

Тереза Меј: Напаѓачот е роден во Велика Британија

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека полицијата го знае идентитетот на напаѓачот, кој вчера со автомобил удри во пешаци и уби три лица пред Парламентот во Лондон.

Таа истакна дека напаѓачот е роден во Велика Британија.

– Тој работел сам и нема причина да веруваме дека биле планирани и други напади – нагласи Меј, без да го открие неговото име.

Според британската премиерка, тој  веќе еднаш бил сослушуван од полицијата поради поврзаност со екстремисти, но се сметал за „неважна фигура“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top