| четврток, 6 декември 2018 |

Ричард Клајдермaн: Да се биде принц на романтиката понекогаш е напорно

Де­нес жи­ве­ам мир­но и спо­кој­но. Ка­ко пи­ја­нист што сви­ри на­се­ка­де низ све­тот, нај­го­ле­ми­от мир го на­о­ѓам ко­га ќе се вра­там до­ма. До­ма не чув­ству­вам  при­ти­сок во вр­ска со на­ста­пи­те, ту­ку, ед­но­став­но, гле­дам те­ле­ви­зи­ја и не мис­лам на ни­што. Со же­на ми и со мо­е­то ку­че оди­ме на па­за­ру­ва­ње, про­ше­тки во шу­ма и по­крај мо­ре­то. Раз­го­ва­ра­ме за се­којд­нев­ни те­ми и пра­ви­ме обич­ни ра­бо­ти. Та­ка го на­о­ѓам сво­јот мир, ве­ли Клај­дер­ман во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“

Ри­чард Клај­дер­ман е фран­цу­ски умет­ник, кој со ре­корд­на про­даж­ба на ал­бу­ми го има по­пу­ла­ри­зи­ра­но пи­ја­но­то во све­тот по­ве­ќе од кој би­ло по Бе­то­вен. За­пи­шан е во Ги­ни­со­ва­та кни­га на ре­кор­ди ка­ко нај­ус­пе­шен пи­ја­нист со про­да­де­ни 90 ми­ли­о­ни ал­бу­ми во све­тот. Клај­дер­ман, во при­друж­ба на жи­чен октет, на пр­ви и на вто­ри април ќе одр­жи кон­цер­ти во Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет во Скоп­је.

Клај­дер­ман е уште поз­нат и ка­ко принц на ро­ман­ти­ка­та по­ра­ди не­го­ви­от стил на из­вед­ба на ком­по­зи­ци­и­те. Тој ги пол­ни са­ли­те и ста­ди­о­ни­те уште од 1976 го­ди­на ко­га не­го­ви­от прв сингл „Ба­ла­да за Аде­ли­на“, ком­по­ни­ран од не­го­ви­от про­ду­цент Пол де Се­не­вил до­стиг­на про­даж­ба од 22 ми­ли­о­ни ко­пии во 38 зем­ји.

От­то­гаш Клај­дер­ман сни­мил по­ве­ќе од ил­ја­да ме­ло­дии со што ста­нал еден од нај­ус­пеш­ни­те ин­стру­мен­тал­ни ре­про­ду­ктив­ни умет­ни­ци во све­тот со про­да­де­ни 90 ми­ли­о­ни ал­бу­ми.

Кон­цер­ти­те во Скоп­је се ре­а­ли­зи­ра­ат со под­др­шка на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра во рам­ки­те на про­гра­ма­та за под­др­шка на про­е­кти од на­ци­о­на­лен ин­те­рес во му­зич­ко-сцен­ска­та деј­ност за 2017 го­ди­на.

Во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ Клај­дер­ман го­во­ри за тоа ка­ко на­ста­на­ла „Ба­ла­да за Аде­ли­на“, за не­го­ва­та ка­ри­е­ра, за кон­цер­ти­те, за ужи­ва­ње­то во жи­во­тот де­нес и за ро­ман­ти­ка­та.

Richard_Clayderman_01_1024x768_

Гос­по­ди­не Клај­дер­ман, прв­пат до­а­ѓа­те во Ма­ке­до­ни­ја за да одр­жи­те кон­церт кај нас. Што оче­ку­ва­те?

КЛАЈ­ДЕР­МАН: Јас ед­наш на­ста­пу­вав во Скоп­је, но тоа бе­ше одам­на. Искре­но, не се се­ќа­вам мно­гу на гра­дот, но за­тоа ќе ми би­де за­до­волс­тво по­втор­но да го разг­ле­дам. Еве ќе ре­чам, ќе ми би­де за­до­волс­тво по­втор­но да го откри­јам Скоп­је.

Да­ли сте за­поз­на­е­ни со ма­ке­дон­ска­та кла­сич­на му­зи­ка? Поз­на­ва­те ли не­кој ма­ке­дон­ски ком­по­зи­тор?

КЛАЈ­ДЕР­МАН:Не сум за­поз­на­ен, но, де­фи­ни­тив­но, ве­ру­вам де­ка на­се­ка­де низ све­тот по­сто­јат ком­по­зи­то­ри што не се тол­ку поз­на­ти. Се­ко­гаш ве­лам де­ка јас сум нај­поз­на­ти­от пи­ја­нист на све­тот за­тоа што лу­ѓе­то ме има­ат ви­де­но на те­ле­ви­зи­ја, но тоа не зна­чи де­ка сум и нај­ква­ли­те­тен. Убе­ден сум де­ка по­сто­јат го­лем број ком­по­зи­то­ри и из­ве­ду­ва­чи што се на по­ви­со­ко про­фе­си­о­нал­но ни­во од ме­не, но не­ма­ле сре­ќа све­тот да слуш­не за нив. Се­ка­де ка­де што го­сту­вам се за­поз­на­вам со до­маш­на­та му­зи­ка, па та­ка ќе би­де и овој пат ко­га ќе дој­дам во Ма­ке­до­ни­ја.

По „Ба­ла­да за Аде­ли­на“ Ва­ши­от жи­вот ра­ди­кал­но се сме­ни. Си­гур­но от­то­гаш па­ме­ти­те уба­ви мо­мен­ти.

КЛАЈ­ДЕР­МАН: Еден од мо­и­те про­ду­цен­ти ја на­пи­ша оваа ба­ла­да и ја име­ну­ва­ше по сво­ја­та ќер­ка, ко­ја се ви­ка Аде­ли­на. Не мо­жев­ме ни да прет­по­ста­ви­ме де­ка ќе до­жи­вее тол­ку го­лем ус­пех. Се се­ќа­вам ко­га еден мој про­ду­цент ми ре­че де­ка тре­ба да би­де­ме среќ­ни со ма­кси­мум 20.000 про­да­де­ни при­ме­ро­ци. На кра­јот се про­да­доа 22 ми­ли­о­ни при­ме­ро­ци низ све­тот. Се­ка­ко де­ка по ова жи­во­тот комп­лет­но ми се про­ме­ни. Не­ма сом­неж де­ка „Ба­ла­да­та за Аде­ли­на“ ми ја отво­ри вра­та­та кон свет­ска ка­ри­е­ра.

foto49_32471500

Во вр­вот на ва­ша­та ка­ри­е­ра има­вте и по 200 кон­цер­ти во 250 де­на во го­ди­на­та. Ка­ко се из­др­жу­ва та­кво тем­по на ра­бо­та?

КЛАЈ­ДЕР­МАН: Се се­ќа­вам на пр­ви­от кон­церт на кој на­ста­пу­вав. Тоа бе­ше во 1979 го­ди­на во Ви­е­на и во тоа вре­ме, ни­ту јас, ни­ту мо­и­те про­ду­цен­ти не мо­жев­ме да за­мис­ли­ме де­ка 38 го­ди­ни по­доц­на ќе из­ве­дам по­ве­ќе од 5.000 кон­цер­ти низ све­тот. Ужи­вав из­во­нред­ни мож­но­сти да би­дам по­ка­нет низ мно­гу зем­ји во све­тот – од Евро­па до Аме­ри­ка, од Ази­ја до Ав­стра­ли­ја. От­та­му це­ли­от тој ха­ос не ми ни доз­во­ли да раз­мис­лу­вам за тем­по­то, ед­но­став­но го пра­вев тоа со љу­бов и со за­до­волс­тво, ве­ро­јат­но за­тоа и не ја по­чув­ству­вав те­жи­на­та.

Ка­ков жи­вот жи­ве­е­те де­нес?

КЛАЈ­ДЕР­МАН: Де­нес жи­ве­ам мир­но и спо­кој­но. Ка­ко пи­ја­нист што сви­ри на­се­ка­де низ све­тот, нај­го­ле­ми­от мир го на­о­ѓам ко­га ќе се вра­там до­ма. До­ма не чув­ству­вам  при­ти­сок во вр­ска со на­ста­пи­те, ту­ку, ед­но­став­но, гле­дам те­ле­ви­зи­ја и не мис­лам на ни­што. Со же­на ми и со мо­е­то ку­че оди­ме на па­за­ру­ва­ње, про­ше­тки во шу­ма и по­крај мо­ре­то.  Раз­го­ва­ра­ме за се­којд­нев­ни те­ми и пра­ви­ме обич­ни ра­бо­ти. Та­ка го на­о­ѓам сво­јот мир.

Ва­ши­те кон­цер­ти се ви­стин­ско ужи­ва­ње и спе­ктакл. Што ќе от­сви­ри­те за ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка?

КЛАЈ­ДЕР­МАН: Ед­но­став­но, мо­жам да се по­вр­зам со пуб­ли­ка­та, а сме­там де­ка тоа е нај­бит­но. Не оче­ку­вам ни­што пред кон­цер­ти­те, се пре­пу­штам на мо­мен­тот, а тоа се­ко­гаш се по­ка­жа­ло ка­ко ус­пеш­на фор­му­ла за за­до­волс­тво кај пуб­ли­ка­та.

Вие сте поз­нат ка­ко принц на ро­ман­ти­ка­та. Има ли де­нес ро­ман­ти­ка во на­ши­от жи­вот?

КЛАЈ­ДЕР­МАН: Ка­ко што ста­ре­ам по­ве­ќе се гри­жам за сме­тки­те откол­ку за ро­ман­ти­ка­та. Се­ка­ко де­ка има ро­ман­ти­ка во на­ши­от жи­вот, таа до­а­ѓа со љу­бо­вта, но со го­ди­ни­те сѐ по­ве­ќе се на­ма­лу­ва. Да се би­де принц на ро­ман­ти­ка­та по­не­ко­гаш е, на­ви­сти­на, на­пор­но.

Кои се кон­цер­ти­те што ни­ко­гаш не­ма да ги за­бо­ра­ви­те?

КЛАЈ­ДЕР­МАН: Мо­и­те пр­ви кон­цер­ти, ко­га сѐ уште не зна­ев што ми се слу­чу­ва. Поч­нав да на­ста­пу­вам во То­кио. Кон­цер­ти­те та­му, на­ви­сти­на, ми беа ви­стин­ско за­до­волс­тво. Пред сѐ, по­ра­ди тоа што ми се до­па­ѓа овој град, а лу­ѓе­то на ули­ца ме пре­поз­на­ваа. Ме за­ста­ну­ваа на ули­ца и ми ве­леа: „Здра­во Ри­чард” . Гра­дот е тол­ку го­лем и ха­о­ти­чен, а јас се чув­ству­вав пре­крас­но.

Ве­ру­ва­те уште во ро­ман­ти­ка? Освен за пуб­ли­ка, во кон­церт­ни са­ли, Вие во Лон­дон во зо­о­ло­шка­та гра­ди­на им сви­ре­вте во жи­во на за­гро­зе­ни­те ви­до­ви жел­ки од Га­ла­па­гос со цел да им по­мог­не­те да се разм­но­жат?

КЛАЈ­ДЕР­МАН: Го­лем љу­би­тел сум на жи­вот­ни­те. Мо­е­то ку­че се­ко­гаш се­ди до ме­не ко­га сви­рам на мо­јот кла­вир. От­та­му ве­ру­вам де­ка на ка­ков би­ло на­чин му­зи­ка­та им вли­јае на жи­вот­ни­те. За­тоа и ја при­фа­тив по­ка­на­та за оваа ин­те­рес­на иде­ја. До­пол­ни­тел­но на тоа зо­о­ло­шка­та бе­ше ин­те­рес­на и за ме­не ова бе­ше ед­но мно­гу по­и­на­кво искус­тво, кое ми при­чи­ни огром­но за­до­волс­тво.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: при­ват­на ар­хи­ва

(интервјуто е објавено во 237. број на неделникот Република кој излезе во печат на 17.3.2017 година)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top