| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца насилници тероризирале британски велоспипедист кај Маврово

Основното јавно обвинителство – Гостивар координира интензивна потрага по лицата кои вчера нападнале британски државјанин на патот од одморалиштето Бунец кон Маврово.

Како што соопшти, надлежен јавен обвинител земал изјава од оштетениот и издал наредби во насока на расветлување на настанот.

Британскиот велосипедист бил пресретнат и нападнат од три непознати лица кои, според неговиот исказ, го врзале и го внеле во возило и во исто време му ги одзеле платежните картички што ги поседувал. Искористувајќи момент кога бил сам, со еден од напаѓачите, британскиот државјанин се ослободил и на напаѓачот му задал неколку удари со нож што го имал во себе.

Откако избегал во блиската шума, преку социјалните мрежи ги алармирал родителите и пријателите.

Тие се обратиле до британската полиција која преку Британската амбасада во Скопје ја известила Полициската станица Гостивар, по што веднаш била иницирана потрага по него.

Оштетениот е пронајден во близина на каменоломот Пелагонија денеска во раните утрински часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top