Вечерва на автопатот Скопје – Тетово се запали патнички автобус. Според возачите кои биле сведоци на глетката автобусот бил речиси целосно опжарен. На терен веќе се излезени пожарникарски и полициски екипи, но сеуште не е позната причината поради која се запалил автобусот. За среќа во оваа несреќа нема повредени лица, потврди за „Република“ Командантот на пожарна Скопјe.
Како што објаснија од таму, патничкиот автобус кој бил со гостиварски регистерски таблици се враќал од сервис и почнал да гори при застојот на патарина, а внатре бил само шоферот кој навреме го почуствувал чадот и го напуштил автобусот.
Од станицата од Ѓорче Петров веднаш испратиле две возила кои интервенирале во гаснењето на огнот, причинета е само матерјална штета.
Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст