Полицијата во Лондон го соопшти името на напаѓачот пред британскиот Парламент – Абу Иззадеен, кој порано го користел името Тревор Брукс. Тревор Ричард Брукс е роден на 18 април 1975 година и веќе им бил познат на англиските власти.
Во 2006 година е осуден за ширење на тероризам и две години подоцна е прогласен за виновен.
Во 2008 година Абу бил во затвор, бидејќи повикувал на напади во Британија и САД. Исто така собирал средства за терористички групи, како „Ал Мухаџирун”.
Во 2009 година одлежувал четири и пол годишна казна затвор.
Брукс е познат по тоа што тој бил портпарол на исламистичката милитантна организација „Ал Гураба”.
Според весникот „Гардијан” Брукс по професија бил електричар. Оженет е и има три деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.