Четворица загинати меѓу кои и еден полицаец и еден човек за кој се верува дека е напаѓачот засега е билансот на терористичкиот напад кој се случи во Лондон во близина на Парламентот, потврди полицијата, а јави „Би-би-си“.
Освен овие жртви, полицијата јави и за 20 повредени.
Попладнево во централен Лондон маж облечен во црно со автомобил покоси повеќе од 20 лица возејќи по мостот Вестминистер, а потоа со нож нападна полицаец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.