| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидентот во Лондон е терористички чин

Лондонската полиција соопшти дека инцидентот со оружје и нож што се случи во близина на британскиот парламент ќе го третира „како терористички чин додека не се докаже спротивното“, јави AP.

Полицијата во соопштението ги повика луѓе да го избегнуваат делот на Лондон околу парламентот.

Властите соопштија дека човек со нож нападнал полицаец во зградата на парламентот и дека полицајците потоа го застрелале.

Исто така, било јавено дека неколку пешаци се повредени откако ги покосил автомобил на Вестминстер мостот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top