| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Го охрабруваме претседателот Иванов да не потклекнува под никакви притисоци, ние сме на улица се додека не се исполнат нашите барања!

Вечерва пред канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, членот на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, Богдан Илиевски порача дека претседателот вчера им ја донел втората голема победа на сите граѓани во Република Македонија.

-Го поздравуваме човекот кој ја донесе големата победа и одлучи да не го даде мандатот на луѓето кои сакаат да ја протнат туѓата платформа во нашата земја. Освен тоа претседателот вчера ни ја донесе втората голема победа покажувајќи им на сите каде им е местото на сите во оваа држава. Овде пред канцеларијата на претседателот сме тука за да го поздравиме нашиот претседател Ѓорге Иванов и го охрабруваме да не потклекнува под никакви притисоци, ние сме на улица се додека не се исполнат нашите барања, претседателе продолжете со поддршката на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, порача Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top