| четврток, 6 декември 2018 |

Го одбиле 40 пати: Не може да најде работа поради неговото име

Индиец, кој по вокација е бродски инженер, има проблеми во барањето работа и тоа само поради своето име.

Имено, ова 25-годишно момче се вика Садам Хусеин.

Досега тој бил одбиен на 40 работни места, иако бил студент со солиден просек. Кога сфатил дека со своето име никогаш нема да најде пристојна рабоота, тој решил да се прекрсти во Сајид, но тогаш наишол на нов проблем – бавноста на процедурите и бирократијата.

– Луѓето се плашат да ме вработат. Работодавците се плашат од можни проблеми со имиграциската служба, рече тој за „Хиндустан Тајмс“.

Хусеин извадил дури и нов пасош и возачка дозвола со новото име, но сега пак, не може да докаже дека завршил факултет, оти на дипломата го има неговото старо име

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top