| четврток, 6 декември 2018 |

„Отфрлете ја тиранската платформа“ – вака македонските граѓани го пречекаа комесарот Хан (ФОТО)

 

Македонските граѓани со низа транспаренти и македонски знамиња поставени на надвозниците на влезот од Скопје го пречекаа еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој денеска доаѓа во Македонија за да оствари средби со политичките претставници.

-„Македонија ќе победи“, „Отфрлете ја тиранската платформа“, „Покажете почитување“… Ова се само дел од пораките до Хан испишани на транспарентите. Инаку, Хан е упорен да не се сретне со претставници на граѓанското движење „За заедничка Македонија“. Откако тие побараа средба со него, неговата портпаролка Маја Коцијанчич објасни дека тој во Скопје ќе има набиена агенда и дека нема време.

Работите можеа да имаат поинаков тек откако претседателот Ѓорге Иванов најави дека нема да се сретне со комесарот и дека времето за средба им го отстапува на организаторите на протестот за, како што рече, Хан да се запознае со аргументите и причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена.

Сепак, ова не беше доволно и пред малку Коцијанчич за „Телеграф“ нагласи дека Хан останува на ставот да не се сретне со претставници на „Заедничка Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top