Македонија одамна е под закана од соседите, кои не ѝ посакуваат добро, па дури и би сакале таа да исчезне. Но, стабилноста на балканскиот регион налага Македонија да опстои како суверена држава во рамките на сегашните граници“, истакнува поранешниот медијатор во грчко-македонскиот спор за името Робин О’Нил за Програмата Гласот на народот на Радио Слободна Македонија.
Според британскиот амбасадор О’Нил, историјата на поранешна Југославија во изминатите триесет години ги покажа трагичните последици што може да настанат од конфликти меѓу различни етнички и верски заедници во државата.
– Од независноста наваму, со мудроста на лидерите и на народот на Македонија беше избегнат таков конфликт и тоа е пример за останатиот дел од Европа, вели додава амбасадорот О’Нил.
Задржувајќи се на актуелните збидувања во Македонија, О’Нил со оценка: „Македонија е клучна за стабилноста на јужниот дел од регионот, и сега, другите членки на Европската унија треба да изнајдат начин за надминување на пречката што е ставена на патот за членство на Македонија во изминативе дваесет години.“
– Тоа вклучува и признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име. Убеден сум дека Владата на Македонија сега мора да даде приоритет на ова во својата надворешна политика, а пред сé, во претстојните разговори со комесарот Хан, оценува О’Нил.
Спомнувајќи ја денешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан на Македонија, амбасадорот О’Нил ја поздрави неговата изјава дека трајното решение на ситуацијата во регионот лежи само во рамките на Европската унија каде што разликите меѓу земјите-членки се надминати и исчезнуваат.
– Тоа значи сите земји во регионот кои ги исполнуваат условите за членство да бидат примени во Европската унија, вклучувајќи ја и Македонија, истакнува британскиот амбасадор Робин О’Нил за Програмата Гласот на народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст