| четврток, 6 декември 2018 |

Тилерсон: Готово е со политиката на стратешко трпение

 

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон за време на неодамнешната посета на Кина испрати јасен сигнал до Северна Кореја дека „е готово со политиката на стратешко трпение“, изјави денеска портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.

Тој посочи дека тоа е реакцијата на Тилерсон на соопштението од Северна Кореја за вчерашното тестирање на најновиот ракетен мотор.

Тилерсон за време на првата посета на Азија, претстојуваше во главниот град на Кина, Пекинг, при што се разговараше и за севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top