Унгарскиот претседател Јанош Адер по денешната средба со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов истакна дека Европската Унија треба да ги започне преговорите со Македонија за нејзино членство.
-Намерите на Македонија се јасни, долгорочно тие сакаат да се приклучат кон ЕУ и НАТО. Во поглед на интеграцијата кон НАТО, скоро 10 години им нудиме позитивни, но лажливи забелешки ветувања во поглед на интеграцијата. После времето на лажливите и празни ветувања, сега навистина е дојдено времето за започнување на вистински преговори меѓу ЕУ и Македонија, вели Адер.
Претседателот на Унгарија вели дека стабилноста на Европската Унија зависи од стабилноста на Балканот.
-Според мојата оценка стабилноста на Балканот зависи од два фактора, дали миграцискиот притисок ќе се зајакне и дали балканските држави вклучувајќи ја и Република Македонија поседуваат јасна перспектива и политичка пракса за справување со миграцијата. Во поглед на миграцијата и должиме благодарност на Република Македонија поради фактот дека тие надминувајќи ги своите можности се соочуваат со миграциските предизици исполнувајќи ги овие важни задачи. Ако миграцискиот притисок се зголеми тогаш ЕУ не можат да останат скржави кон балканските земји и Македонија, да се работи за нудење на техничка, финансиска помош или зголемување на кадарот со службеници на границата, истакна претседателот Адер.
На средбата Иванов и Јанош разговарале за политичката состојба во Република Македонија, како и за можните излези од оваа криза која земјата со години ја држи во заложништво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст