| четврток, 6 декември 2018 |

Потресна исповед на ќерката на Клаус Кински: од пет години му бев сексуален објект на татко ми

Го викала Бабо. Тој е легендарниот Клаус Кински, најславниот германски актер на својата генерација. Таа била неговата прекрасна Пола, неговото прво дете. Од кога памети, нејзиниот татко диво, интензивно, вознемирувачки, харизматично и емоционално екстравагантно ја опсипувал со внимание. Ѝ давал скапи подароци, ја облекувал во најубава облека, ѝ ласкал со страсни комплименти, ѝ се јавува десетина пати дневно, пишувал разгледници од сите страни на светот. Покрај сето тоа, од петтата до деветнаесеттата година константно сексуално ја злоупротебувал.

Пола денеска има 61 година и во книгата „Устата на детето“ јавно изнесува што се трпела од својот татко. Го обвинува за силување, инцест, ја претворил во „сексуален објект на свилени перничиња“, напишала во книгата.

pola_klaus

– Кога бев дете, го гледав како Господ бидејќи можеше да ми направи сѐ што ќе посакаше. Можеше да го земе моето тело. Ми кажуваше како да ја наместам косата, која облека мора да ја носам. За сѐ одлучуваше. Се обидуваше да ми ги контролира мислите, личноста. Се обиде да ми земе сѐ, не беше тоа само секс – раскажа за „Сандеј тајмс“ Пола Кински.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top