Овен
Ако сте подолго време сами во текот на април не мора да се грижите за својот статус. Ова ќе биде време кога нема да знаете што да правите со бројните прилики кои буквално ќе ви доаѓаат пред нозе. Личност во знакот на Лав би била одлична комбинација за авантура, а подоцна можеби и посериозна врска. Препуштете им се на чувствата, но немојте да ја занемарите вашата интуиција. Кон крајот на април зафатените припадници ќе имаат помали искушенија во врската кои ќе ги пребродат само ако вложуваат поголем напор и ако го уверат партнерот во својата наклонетост.
Бик
Април е вашиот месец, бидејќи токму тогаш ќе им покажете на поранешните љубовници дека ви е одлично без нив. Ова ќе биде месец кога вашата силна личност, став и неодолив шарм ќе дојде во прв план и едноставно ќе бидете во центарот на вниманието. Марс, вашиот заштитен знак ќе ви даде ветер во грб, па конечно ќе се одважите и ќе го направите првиот чекор. Доколку веќе подолго време сте сами, слободно без размислување кажете му ДА на еден Овен.
Близнаци
Близнаците секогаш го добиваат она што го сакаат, а во почетокот на пролетта опасно ќе сакаат еден од огнените знаци. Со оглед на тоа дека шармот и флертот им се второ име, треба да ги искористат за да заведат еден Лав или Стрелец. Во втората декада од месецот лошата комуникација во врската може да доведе до помали кавги, па ѕвездите советуваат зафатените Близнаци малку повеќе вниание да му посветат на партнерот ако сакаат врската да им продолжи по вистинскиот пат.
Рак
Романтичните ракови не мора веќе да чекаат, бидејќи пролетта и април ќе ги исполни сите нивни очекувања кога станува збор за љубовта. Полето љубов им се отвора во потполност кон средината на април кога ќе запознаат интересна личност на работа или на некое неочекувано место. Сатурн можеби ќе им врати некој од минатото, но потполната одлука ќе биде во нивни раце дали да го прифатат овој љубовен предизвик или ќе пружат можност на некоја потполно нова личност.
Лав
Како и секогаш, кога ќе дојде убавото време и пролетта, огнените Лавови не можат да се смират и склони се на флерт и љубовни авантури.
Секако, ретко кој ќе остане имун на нивниот шарм, особено во април! Тие кои веќе подолго време се сами конечно ќе запознаат личност од која ќе почувствуваат пеперутки во стомакот. Една Девица или Шкорпија ќе биде одличен избор за врска или авантура. Зафатените Лавови се наоѓаат на пресвртница и април ќе биде месец кога ќе одлучат дали да се посветат на спасување на својата врска или да го завршат тоа поглавје од животот. Пред да донесете било каква одлука добро размислете, а одлуките не ги носете во моменти на бес.
Девица
Иако можеби се плашите од средбата со личности од минатото, токму тоа ќе ве затекне во месец април. Размислете дали тоа е нешто што сте го очекувале и на што сте се надевале изминативе месеци. Април е месец кога е многу подобро да останете сингл и да уживате во слободата, бидејќи само еден лош избор може повторно да ве одведе во проблеми.
Вага
Пролетта и април ви носат во животот помлада личност на која тешко ќе останете имуни. Без грижа, опуштете се и не размислувајте за последиците, бидејќи конечно дојдоа вашите 5 минути! На зафатените Ваги им се препорачува конечно да соберат храброст и да кажат ДА, односно да не ги одложуваат повеќе плановите врзани за заедничката иднина со партнерот. Крајот на април носи мали несогласувања помеѓу партнерите кои може да се решат само доколку бидете целосно искрени и не ги слушате приказните од страна.
Шкорпија
Страствените шкорпии долго чекаа да дојдат нивните 5 минути кога се во прашање љубовните односи…Токму сега можат да воздивнат, бидејќи во текот на април се ќе оди токму по нивниот план. Без оглед на статусот, Шкорпиите толку ќе уживаат во вниманието на спротивниот пол, што дури и на работното место ќе предизвикуваат искри. Сепак, драги Шкорпии, водете сметка тоа да не биде вашиот претпоставен па следниот меец да бидете на ризик да ја загубите можноста и за љубов и за работа. Подобро сконцентрирајте се на личност во знакот на Лав или Јарец, со кој ве чекаат убави заеднички моменти.
Стрелец
Април на сите слободни Стрелци ќе им донесе огромна позитивна енергија кога се во прашање љубовните односи…За нив нема да постојат никакви препреки кога е во прашање освојувањето. Токму затоа баш оваа пролет може да западнат во мамката на забранетата љубов. Стрелците кои неодамна раскинале веридба или посериозна врска, не треба да се навраќаат во минатото, туку да ја остават ситуацијата каква што е. Април за вас има подготвено голем број предизвици и нови ситуации кои мора да ги искористите на вистинкиот начин.
Јарец
Јарците мора уште малку да бидат трпеливи и да го почекаат своето време за љубов! Април ќе биде месец кога ќе закрепнувате, ќе ги лекувате старите љубовни рани и ќе се пдоготвите себеси за нова епоха од животот. Ѕвездите ги советуваат Јарците да не брзаат и да не донесуваат ненадејни одлуки поврзани со љубовниот статус. Времето нека одлучи наместо вас. Зафатените Јарци ќе имаат помали несогласувања особено во втората декада на април.
Водолија
Слободните водолии во текот на април ќе уживаат во потполност. Убавото време, добрата енергија и љубовниот занес ќе ги направи поактивни и тие конечно ќе ги признаат своите чувства на некој од огнените знаци. Најдобро од се е што внатрешната сила и позитивните вибрации ќе ги поттикнат да не се плашат од одбивање и последици. Слободно опуштете се и излегувајте на јавни места, бидејќи токму тука можеби ве чека вашата сродна душа. Зафатените Водолии се окупирани со планови за заедничката иднина, но една мала кавга кон крајот на април ќе им ја заниша досегашната сигурност.
Риби
Емотивните Риби во текот на април ќе имаат голем број искушенија. На прво место добро ќе се запрашаат дали да пружат уште една шанса на поранешна врска или можеби е добар избор да излезат на ветена пијачка со личност во знакот на Шкорпија. Што и да изберете, драги Риби, не мора да се грижите за исходот. Април е месецот кој ќе ве поштеди од разочарувања и емотивни рани. Зафатените Риби ќе уживаат во заедничките моменти со саканата личност и што е најубаво токму сега ќе посакаат да се скрасат!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.