Жените кои работат во медиумите и во спортот, како и културните работнички најмногу се изложени на ризикот од самоубиства. Меѓу мажите тоа се градежните работници, покажуваат најновите истражувања.
Анализата која ја направил британскиот Уред за национална статистика покажува дека меѓу жените ризикот од самоубиства е за 23 погоголем за медицински сестри од националниот просек, а 42 отсто за наставниците во основните училишта. За културните работнички, жените кои работат во медиумите и во спортот тој ризик е 69 отсто.
Меѓу нискоквалификуваните мажи најголем ризик од самоубиство имаат градежните работници, а нивниот процент е трипати поголем од просекот. Висококвалификуваните мажи кои работат во градежната индустрија имаат зголемен ризик од самоубиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.