Агенцијата за катастар на Република Македонија денеска почна со воспоставување нов Адресен регистар за целата територија на Република Македонија. Притоа со компанијата ГДи Гисдата-Скопје потпиша договор за пилот-проект „Припрема на податоци и развој на апликации за теренско прибирање на адресни податоци“ за четири општини во државава.
Директорот на Агенцијата Славче Трпески истакна дека во моментов во примена се недоволно прецизни законски и подзаконски одредби, недоволно прецизни стандарди за испишување на називите на улиците и дека отсуствуваат стандарди за нумерирање на поедини типови на објекти.
– Адресниот регистар е еден од клучните регистри во државата. Тој ќе содржи просторни податоци за улиците и куќните броеви и ќе биде поврзан со Регистарот на просторни единици. На тој начин сите заинтересирани субјекти сите информации поврзани со адресите ќе имаат можност по електронски пат на брз и ефикасен начин да ги добијат од Агенцијата за катастар на недвижности, истакна Трпески.
Информираше дека изведувачот има обврска да направи анализа и припрема на адресните податоци од постојните бази на повеќе државни институции за нивна теренска проверка, преку изработена мобилна таблет-апликација.
Дејан Крстевски, директор на Гисдата, појасни дека апликативното решение ќе се базира на светски позната платформа, а ќе биде имплементирана во согласност со Законот за национална инфрструктура на просторни податоци.
Теренското прибирање на адресни податоци ќе се направи во дел од општината Кисела Вода, општините Зелениково, Свети Николе, и Гостивар, а според договорт треба да биде завршено до крајот на 2017 година. Од Агенцијата информираат дека вредноста на договорот изнесува 113.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст