| четврток, 6 декември 2018 |

Oпасност на Балканот: Загадениот воздух ги убива луѓето

Во земјите од западен Балкан моментално работат над 15 термоелектрани од кои зависат овие земји.

-Тузла во наредните неколку години ќе биде како Чернобил. Ќе бидат тоа куќи без душа, вели тузланецот Горан Стојак.

Во ова подрачје БиХ воздухот е можеби најзагаден во Европа, а локалните жители заболуваат се почесто од рак на белите дробови.

Светската здравствена организација ја стави Тузла меѓу 10-те најзагадени градови во Европа. На оваа листа се наоѓаат дури пет градови од Балканот. Освен Тузла на листата се Пљевља, Скопје, Тетово и Битола.

Се наведува дека поконкретно во зима над 110.000 тузланци се гушат од воздухот со лош квалитет. Во селото Дивковиќи просечната старосна доба во која луѓето умираат е 42 години.

Експертите проценуваат дека термоелектраните од Балканот имаат ефекти и на здравјето на граѓаните во другите држави, зошто штетните честички во Тузла и до 30 пати се над скалата која ја пропишуваат европските стандарди, додека бројот на забоелни од рак на бели дробови порасна за 33 отсто во изминатите години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top