| четврток, 6 декември 2018 |

На претседателските избори во Србија ќе се натпреваруваат 11 кандидати

srbija

Државната изборна комисија на Србија потврди 11 кандидати за претседателските избори, закажани за 2 април, а нивниот редослед на гласачките ливичиња ќе биде соопштен подоцна денеска.

Кандидати за претседателските избори во Србија се Александар Вучиќ, кој е кандидат на владејачката Српска напредна партија, Саша Јанковиќ како кандидат на „За Србија без страв“, лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, кандидатот на групата граѓани „Мораме подобро“, Вук Јеремиќ, претставникот на движењето „Двери“, Бошко Обрадовиќ, претседателот на движењето „Доста беше“, Саша Радуловиќ, и кандидатот на Демократска партија на Србија, Александар Поповиќ.

Во изборната трка влегуваат и претседателот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, кандидатот на „Народното слободарско движење“ Мирослав Паровиќ, претседателот на Лигата на социјалдемократите на Војводина, Ненад Чанак, како и кандидатот на група граѓани „Бели – Само јако“, Лука Максимовиќ, кој е познат како Љубиша Прелетачевиќ – Бели.

Претседателските избори, за наследник на српскиот претседател Томислав Николиќ, се распишани за 2 април, а ако во првиот круг никој не освои мнозинство, вториот круг ќе се одржи на 16 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top