| четврток, 6 декември 2018 |

Нада Мисиркова: Не заборавајте дека Крсте Мисирков живееше и умре за Македонија!

nada misirkova

Јас сум една од потомците на Крсте Петков Мисирков, мислам дека многу го познавам, ми е жал што многу интелектуалци го забораваат, а неговото дело е незаборавно, порача вечерва на собирот на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија неговата внука, Нада Мисиркова.

-Тој кажал дека оваа држава е Македонија, дека овде македонски народ живее и македонски јазик се зборува. Се надевам дека неговата борба не беше безпомошна, загина заради оваа Македонија, има многу луѓе кои што него можат да го разберат, кои што него можат да го почитуваат и да можат да ја завршат, таа работа која тој ја започнал уште пред  120 години. Верувам дека тој е многу жалосен што после 120 години, неговите мисли, неговите идеи не се исполнети. Се надевам дека неговото дело ќе биде на виделина и дека тој мирно и спокојно ќе спие, рече Нада Мисиркова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top