| четврток, 6 декември 2018 |

Апелацискиот суд делумно ја уважи жалбата за првоосомничениот во случајот „Труст“

Apelacionen sud01 (Custom)Апелацискиот суд Скопје попладнево соопшти дека делумно е уважена жалбата на првоосомничениот во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство.

Решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје со кое против осомничениот е определена мерка притвор е потврдено по однос на околноста опасност од бегство согласно член 165 ст.1 т.1 од ЗКП. Истовремено советот одлучи дека останатите причини од член 165 ст.1 т.2 и 3 од ЗКП, поради кои била определена мерка притвор не се исполнети, се вели во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top