Неоснованото постапување на СЈО телевизија „Нова“ го смета како директен атакт врз нашиот медиум. Како главен и одговорен уредник, би прашала кому му смета успехот на телевизија „Нова“, медиум кој за само една година и неколку месеци навистина покажа дека во Македонија е потребен еден ваков тип на медиум, изјави главниот и одговорен уредник на телевизија „Нова“, Билјана Василева-Трендафилова.
– Медиум кој за само четиринаесет месеци успеа да посети педесет дестинации, каде што се одржуваа светски настани, самити на шефови на држави и влади. Бевме на лице место на сите настани поголеми и дома, имавме многу значајни моменти кои ги пренесувавме во живо и на нашите гледачи им ги пренесувавме први информациите, а очигледно некому тоа му пречи – истакна Василева-Трендафилова.
Таа, исто така, го постави и прашањето зошто СЈО стави рака врз сопственикот на телевизија „Нова“, чиешто работење очигледно им смета и зошто не влезе во другите медиуми кои се финансирани од странски пари.
-Кому му пречи работењето на телевизија „Нова“, стана ли грев и луксуз во ова денешно време да се биде патриот и да се бранат националните интереси? Очигледно на телевизија „Нова“ во живо можат да се видат и сите оние протести кои се одржуваат на кои големиот број граѓани го искажуваат нивното незадоволство, очигледно некому тоа му пречи – посочи Василева-Трендафилова.
Таа им порача на своите гледачи да бидат спокојни и покрај директниот притисок кои тие го чувствуваат со оваа одлука и со постапувањето на СЈО и дека нивниот медиум ќе продолжи брзо, навремено и точно да ги информира нивните гледачи, бидејќи тие постојат за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст