| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ започнува со реализација на планот Б

СДСМ започнува со реализација на планот Б, објавуваат медиумите блиски на партијата. Од свои извори велат дека откако претседателот Ѓорге Иванов во повеќе наврати одби да им го даде мандатот за состав на нова Влада, СДСМ заедно со ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците ќе иницираат продолжување на конституивната собраниска седница каде треба да се избере претседател на Собранието.

Не е познато како ќе оди реализацијата на планот, но најверојатно 67-те пратеници ќе бараат од Трајко Вељаноски да ја продолжи седницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top