| четврток, 6 декември 2018 |

Трета ерупција на вулканот Етна во рок од три недели

На сè уште активниот вулкан Етна на островот Сицилија, денеска е регистрирана нова ерупција, трета за помалку од три недели.

Од кратерот излегуваат лава и чад во височина до 200 метри, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и за вулканологија.

Оваа последна ерупција на највисокиот вулкан во Европа не се очекува да го наруши воздушниот сообраќај, ниту да создаде проблеми за населението што живее во неговата околина, вклучувајќи ги и жителита на Катанија, вториот по големина град на островот.

За време на ерупцијата, што беше емитувана на телевизијата ИНГВ, лавата излегуваше од нов кратер, што се отвори во февруари на југоисточната падина на вулканот, повисок од 330 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top