| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Елизабета втора го одобри Брегзит

Декретот за излегување на Велика Британија од Европската унија (Брегзит) е потпишан од страна на кралицата Елизабета втора, пренесе во четвртокот Би – Би – Си.

Кралицата ја одобри одлуката на пратениците од двата дома на парламентот на островската држава да се прекине над 40-годишното членство во заедницата.

Со потпишувањето на документот британската кралица му даде овластувања на премиерот во Лондон, Тереза ​​Меј да почне преговори со Брисел. Во јуни 2016 година, Британците со референдум одлучија нивната земја да стави крај на членството во Унијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top